Легендата на италијанскиот фудбал, Франческо Тоти оваа сезона најави дека заминува во пензија од фудбалот по 25 години минати во дресот на Рома.
Моментално, 40-годишниот Тоти е на одмор на Понтине островите во Италија, а денес неочекувано се најде на насловните страници. Екс италијанскиот репрезентативец покажа дека не заборавил да игра фудбал и испрати волеј од една јахта на друга.
👑👞↗️🏐↘️🤲🚤
#ASRoma #Totti pic.twitter.com/B2NnRVAtEV— AS Roma English (@ASRomaEN) August 17, 2017
Видеото ги „запали“ социјалните мрежи, кои се преполни со коментари за потегот на „принцот на Рим“.
Извор: Gol