Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Арсенчо Алексовски на денешната собраниска комисија за труд и социјална политика, истакна дека општината внимателно ги разледала акцискиот план за бегалци и странци и дека за тоа имаат негативно мислење.
-Македонија веќе нема да биде транзитна земја, истакна Алексовски.
Тој вели дека во Македонија има раселени лица, чии проблеми не се решени, а сега ќе треба да се решаваат проблеми на лица од Сирија, Авганистан или Ирак.
-И онака тешкото вработување во општина Крива Паланка ќе се влоши со овие мигранти, изјави Алексовски.
Посочи дека со нивното примање ќе се наруши демографската слика во Република Македонија, но и општина Крива Паланка.
-Се бара згрижување на лица кои сакаат да бидат згрижени во развиените западни земји, рече Алексовски.
Претходно, градоналачникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски преку соопштение ја информираше јавноста дека Општината нема ниту просторни, матријални, ниту човечки ресури за спроведување на оваа за негативна стратегија и дека нашата држава треба да го задржи статусот на транзитна земја, односно да помага за безбеден проток на бегалци, а не и да биде земја за трајно населување на истите.