Тотенхем го урна клупскиот рекорд за највисок трансфер во историјата, и тоа за ангажманот на суперталентираниот стопер Дејвисон Санчез Мина, фудбалер кој веќе извесно време беше мета на Барселона. Дваесет и едногодишниот стопер важи за еден од најталентираните играчи на својата позиција, а Тотенхем за неговиот ангажман издвои фасцинантни 40 милиони евра.
– Сакам да му се заблагодарам на клубот, на менаџментот и на тренерот на Ајакс. Ова е голем чекор за мене и за напредок на мојата кариера. Возбуден сум што потпишав со толку познат клуб како Тотенхем. Со нетрпение очекувам да соработувам со Маурисио Покетино, – истакнал Мина кој изби на врвот на листата на најскапи играчи во историјата на Тотенхем пред Муса Сисоко кој лани го чинеше Тотенхем 35 милиони евра.
We are delighted to announce we have reached agreement with Ajax for the transfer of Davinson Sanchez subject to medical & work permit. pic.twitter.com/bCjP3ur3Ca
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) August 18, 2017