Парламентарниот комитет во источниот дел на Германија, побара на Фрауке Петри, еден од лидерите на крајно-десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД), да и се одземе имунитетот кој ја штити од обвинување, затоа што има извршено акт на кривоклетство.
Ваквата одлука на Комитетот доаѓа на нешто повеќе од еден месец пред одржувањето на германските парламентарни избори.
Крајно-десничарските „алтернативци“ се надеваат дека на овие избори за првпат, ќе обезбедат пратенички места за својата партија во сојузниот Парламент.
Во случајот на Петри, обвинителство веќе има побарано од Парламентот на Саксонија, таа да остане без својот имунитет, поради лажното сведочење, дадено под заклетва, околу сослушувањето за истрагата што била водена за финансирањето на нејзината изборна кампања во 2015 година.
Фрауке Петри е ко-лидер на Алтернативата за Германија и на германските десничарски националисти. За изборите на 24 септември, таа се истакнува како водечки кандидат на АфД од Саксонија.
Според последното испитување на јавното мислење во Германија, за националостичкте алтернативци би гласале осум отсто од германските гласачи.
Оваа партија, досега е присутна со свои делегати во регионалните парламенти на 13 од 16 германски сојузни држави.
На своите јавни настапи, оваа десничарска партија заговара дека исламот е „неспоив“ со германската култура, па дека нема место за него во Германија и сугерира протерување од земјата на криминални муслимани.