6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

(Видео) Од ова нема полошо: Даде гол за победа, па се повреди додека го прославуваше

Николај Милер по се судејќи е најголемиот малер во првото коло од Бундеслигата.

Напаѓачот на Хамбургер му донесе победа на својот тим на отворањето на првенството против Аугзбург (1:0), но, како што стојат работите, потешко се повреди. Причината е бизарна. Имено, неговото колено настрада при прославата на одлучувачкиот гол!

Милер на асистенција на Бразилецот Валас го постигна водечкиот гол уште во осмата минута, за радост на над 50.000 навивачи на трибините на „Фолкшпарк“ стадионот, а потоа покренат од еуфоријата тргна да изведува шоу и во истото очигледно претера, бидејќи го повреди коленото.

Интервенираше лекарската екипа на домашниот состав, меѓутоа, веднаш беше јасно дека 28-годишниот шпиц ќе мора да го напушти теренот. Тој беше заменет од Арон Хунт веќе во 15. минута, а според првичните проценки, повредата воопшто не е наивна.

поврзани објави

Последни објави