Ви го пренесуваме во целина facebook статусот на Дино Блажески, претседател на УМС на ВМРО Народна Партија, кој учествуваше во протестите против неодговорното однесување на локалните власти во Тетово во однос на депонијата на влезот од градот.
Една максима вели: “Кога неправдата станува Закон, Отпорот станува должност”, а што кога некакви си лица кои излегуваат од општинска зграда и со закани и клоци оспоруваат и ограничуваат слобода на движење?! Постојат закони во Тетово? Тие некакви си лица читаат Устав, принципи и начела врз кои се држи оваа држава, а според кои народот живее?!
Епа денеска токму од такви лица, поминувајќи покрај општинската зграда во Тетово (околу 12:50 часот) со дрзок тон и “извежбани колена” јас и уште едно лице бевме избркани (читај исклоцани) од општинскиот праг – плочникот кој за волја на вистината се наоѓа на тротоар (јавен простор) по кој секојдневно поминуваат илјадници луѓе како не би оделе на сред улица, логика, домашно воспитување.
Не е прв пат некои лица од внатрешноста на општинската зграда да забрануваат со Устав пропишани човекови слободи па и затоа случкава не беше интересен детал за новинарските екипи.
Значи да резимирам, ВОДА нема, чист ВОЗДУХ нема, сега ја кратат и слободата на движење, што е следно, превези на очи па да не гледаме (со чадов и тоа се остварува)…
Ме интересира, дишат ли семејствата на истите тие лица од тетовскиот воздух, логично на ова оди и ако не им смета значи или не се од Тетово или се поразлични од нас на кои ни смета чадот и канцерот во воздухот.
Е да, и за моите сограѓани кои го преспаа настанов или не излегоа бидејќи не бил моментот, епа не беше пред две, три, четири године, не беше сега, а когај ќе биде?! м?
Една максима вели: "Кога неправдата станува Закон, Отпорот станува должност", а што кога некакви си лица кои излегуваат…
Posted by Dino Blazeski on Sunday, August 20, 2017