Властите во САД соопштија денеска дека ги намалуваат визните услуги во Русија, откако Москва го намали бројот на американските дипломати како одговор на новите санкции од страна на Вашингтон.
САД од 23 август ќе го прекинат издавањето на неемигрантските визи ширум Русија, а процедурата за издавање визи ќе продолжи на 1 септември, но само во Москва.
Ваквиот потег значи дека руските граѓани, кои сакаат туристички да ги посетат САД, ќе мора да патуваат во Москва и нема да можат да ги користат локалните конзулати надвор од рускиот главен град.
Суспендирањето за издавање неемигрантски американски визи во Русија е последица на одлуката на руските власти за протерување на 755 американски дипломати.
Процедурата е суспендирана во американските конзулати во Санкт Петербург, Екатеринбург и Владивосток