Македонската влада соопшти дека кога ќе се одлучува за членството на Косово во УНЕСКО ќе ги земе во предвид ставовите на мнозинството држави на ЕУ, иако премиерот Зоран Заев пред само три и пол месеци, во ексклузивно интервју за Телевизија Прва изјави дека Скопје ќе биде неутрално.
Вака пишува српскиот Б92 кој потсетува дека Заев во почетокот на мај на прашање на Телевизија Прва како ќе гласа Македонија на идното изјаснување за прием на Косово во УНЕСКО, одговорил:
„Неутрално“.