7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Турскиот претседател ги повика муслиманските земји да ја зајакнат меѓусебната соработка

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ги повика муслиманските земји да ја зајакнат меѓусебната соработка.

Ердоган говореше за време на неговата посета на Аман, каде што пристигна по повод 70-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Турција и Јордан.

Заедно со Ердоган во Јордан замина и турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Ердоган, кој учествуваше на состанокот на делегациите од двете земји, нагласи дека исламскиот свет во моментов се соочува со тешки времиња.

Претходно денеска, Ердоган се состана со јорданскиот крал Абдула Втори, со кого разговараше за ситуацијата во Ерусалим и Палестина.

– Ние ќе продолжиме да ја поддржуваме улогата на Јордан во зачувувањето на муслиманските светилишта во Ерусалим, истакна турскиот претседател.

Тој додаде дека Турција и Јордан ќе продолжат да работат заедно со цел да ја зачуваат неповредливоста на џамијата Ал-Акса во Ерусалим.

На средбата, исто така, кралот Абдула Втори и Ердоган повикаа на нови, сериозни и ефикасни мировни преговори меѓу Израел и Палестина со цел окончување на конфликтот.

поврзани објави

Последни објави