И додека Барселона влезе во војна со Нејмар, првата ѕвезда на тимот, Лео Меси остана во добар однос со Бразилецот и денеска се сретна со него
„Каталонците“ попладнево соопштија дека покренале тужба против Нејмар, бараат оштета од 8.5 милиони евра за прекршување на договорот.
И додека клубот и Бразилецот се во војна, Лео Меси остана во добар однос со Нејмар.
Фудбалерот на ПСЖ денеска се вратил во Барселона, и се сретнал со Аргентинецот и Луис Суарез, со кои го формираше најубинственото напаѓачко трио во светот на фудбалот.
Лео Меси исто така ја оскористи оваа дружба да го истрола Жерард Пике, за фамозниот твит на дефанзивецот кога порача дека Нејмар останува.
Аргентинецот на Инстаграм ја објави фотографијата од средбата, и покрај неколку смајли емоџи напиша: „Се врати“.
24Фудбал