6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

КОМИТСКА ПЕСНА ВО ИСТАНБУЛ ЌЕ СЕ ОРИ

Македонскиот фудбалски шампион Вардар во најбитниот натпревар од поновата историја, на реванш натпреварот од плејофот за Лига Европа против Фенербахче нема да биде сам.

Најверните навивачи на клубот „КОМИТИ“ утре точно на полноќ во бројка од околу 300 членови со четири автобуси и приватни коли но и поединци со авионски летови ќе замине за Истанбул каде што на стадионот ќе даде громогласна поддршка.

„Црвено – црните“ силно веруваат во елиминација на Фенербахче и конечен пласман во групите на елитниот фудбал. Тимот на Вардар утре рано наутро со специјален чартер лет ќе замине кон Истанбул.

поврзани објави

Последни објави