11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Дачиќ до Груевски: Би те повлекле и тебе на консултации, ама немаш пасош“ (ХУМОР)

Србија ја обвини Македонија дека ја шпионирала нивната амбасада. Завчера вечер преку ноќ Србија ја повлече целата амбасада од Скопје на наводни итни консултации. Претходно, српскиот агент Горан Живалевиќ беше фатен во Собранието на Македонија ноќта на пучот. На социјалните мрежи во Србија приказната на српската влада беше пречекана со многу хумор од српските корисници на социјалните мрежи, но и блогери и сатирични медиуми. Во продолжение погледнете мал избор направен од тимот на НОВАТВ.

Не нападнаа Македонците! Луѓе, права прилика да бараме азил во Холандија. Ќе викаме палат се пред себе, немилосрдни се, пуштете не ве молиме!

Какви ѓубриња ти се ова Македонците, едино они не војуваа од распадот на СФРЈ. Да ги нападнеме на чело со Вулин штом Брнабиќ отслужи војска.

https://twitter.com/srbijatrija/status/899594575244926976?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fnovatv.mk%2Fsrpski-humor-za-makedonskata-shpionazha-na-belgrad%2F

Узбуна луѓе, Македонците тргнаа со бродови на нас!

Сатиричниот српски онлајн магазин „Њузнет“ кој објавува измислени вести со цел преку хумор да ги посочува проблемите во едно општество, објави текст со наслов „Српската влада бара од граѓаните да го заборават одлучувачкиот гол на Дарко Панчев во Бари“.

Дачиќ до Груевски: Би те повлекле и тебе на консултации, ама немаш пасош“

Амбасадата од Македонија е повлечена поради разузнавачки активности против Србија…ни го провалија рецептот за јавар без лупење.

Никој не правеше пуч. Агентот само виде светло во Собрание па влезе да види кој има да не работи некој случајно против Србија.

Бараме соседи со кои не стигнавме да завојуваме минатиот пат кога бевме на власт. Потпис: Влада и претседател на РС.

(ВИДЕО) Србија и Македонија во шпионска војна!

Ебате Македонците, еднаш ќе пробаш да им ја срушиш и таа малку демократија што ја имат и одма те прислушкуват ко да си им непријател!

поврзани објави

Последни објави