11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Заев- Вучиќ: Дијалог за сите евентуални недоразбирања

Се затоплуваат односите меѓу Скопје и Белград. Премиерот Заев и српскиот претседател Вучиќ на жешка линија по одлуката на Белград да ја испразни амбасадата во Скопје. Според заедничкото соопштение, македонскиот премиер и српскиот претседател се согласиле дека секое евентуално несогласување треба да се решава исклучиво со дијалог. Двете соседни земји ќе ја интензивираат меѓусебната комуникација на највисоко ниво, ќе си дадат взаемна поддршка на патот кон Европската унија и во зајакнување на добрососедските односи…

Сите евентуални недоразбирања во меѓусебните односи ќе се решаваат исклучиво по пат на дијалог. Ова го договориле премиерот Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ во, како што се вели во соопштението, долг и отворен телефонски разговор.

Двајцата политичари се согласни дека двете соседни земји ќе ја интензивираат меѓусебната комуникација на највисоко ниво и ќе си дадат заемна поддршка на патот кон Европската Унија и во зајакнување на добрососедските односи, што ќе придонесе, според нивната оценЃка, за стабилност на регионот.

Заев и Вучиќ констатирале и дека без разлика на различните ставови за важните политички и регионални прашања, двете земји заеднички ќе се борат за сочувување и за унапредување на пријателските релации на македонскиот и српскиот народ, а ќе вложуваат и поголеми напори за унапредување на економските релации и зголемување на трговската размена.

Функционерите на двете земји се едногласни дека Македонија и Србија согласно прописите на меѓународното право, на добра волја и пријателска основа ќе ги заштитат интересите и правата на дипломатските и конзуларните претставништва на сопствената територија.

Телефонскиот разговор меѓу Заев и Вучиќ следуваше откако официјален Белград ги повлече своите дипломати од земјава со образложение дека Македонија, како што наведоа, вршела засилено разузнавачко дејствување против нивни институции, во коешто бил присутен и странски фактор.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во целост негираше дека нашата земја извршила или издала наредба за разузнавчки дејствија против странска држава, вклучувајќи ја и Србија.

Извор: МРТ

поврзани објави

Последни објави