4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

СДСМ: Хаос се случува само во главата на Никола Груевски, Македонија оди напред

Никола Груевски е човекот којшто им ги создаде најголеми проблеми на граѓаните и на Република Македонија.

Откако ги осиромаши граѓаните, откако ја опустоиши државата, сега Груевски се потсмева на решавањето на проблемите коишто токму тој ги создаде.

Никола Груевски нема капацитет да ја разбере суштината на реформите коишто носат напредок, повеќе пари кај граѓаните, поголем животен стандард, транспаретност, отчетност, затоа што знае само за матни бизнис зделки, милионски провизии, криминални тендери, плацеви на Водно…

Хаос се случува единствено во главата на Груевски кој соочен со својата одговорност за злоделата што им ги направи на граѓаните и државата сега очајно се обидува да ги брани и градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кои впрочем заглавија во криминал исполнувајќи ги слепо неговите наредби и нарачки изминативе 11 години.

Со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски од власт запре криминалното работење на штета на граѓаните но запре и расипничкото и раскалашено трошење на граѓанските пари. Транспарентноста и отчетноста во водењето на државата се нови вредности кои се воспоставуваат во водењето на државата.

Македонија сега оди напред со влада којашто работи во интерес на граѓаните. Зацртаните реформи се спроведуваат, следува трајно решавање на статусот на 3.000 стечајни работници, зголемување на минималната плата на 12.000 денари, повисока државна помош за малите и средни претпријатија.

Затоа СДСМ е фаворит на локалните избори, затоа што во центарот на вниманието на новите политики се граѓаните и решавањето на нивните проблеми, реагираат од СДСМ.

поврзани објави

Последни објави