23-годишната Цветелина Мавродиева од Белица го оствари својот најголем сон и стана инженер во Формула 1, Пред два месеца таа успешно ги завршила студиите „аеронаутика” во еден од најпрестижните универзитети во Англија – Саутемптон. Мавродиева има диплома за инженер за дизајнирање на авиони кон стратосферата и над стратосферата.
После две тешки интервјуа во „Ред Бул“ таа е примена на работа во овој Формула 1 тим.
“За мене Формула 1 беше врвот, што сакам да го постигнам. Тоа е мојот најголем сон. Многу ми се допаѓаат фабриката и атмосферата. Формула 1 ми дава инспирација, работата е многу тешка, но јас работам со најдобрите инжињери во светот. за мене е чест да одам на работа, да сум дел од тимот бидејќи “Ред Бул” биле четири пати светски шампиони “, вели девојката.
Таа додава дека ја има честа да соработува со „најголемиот инженер во Формула 1 – Адријан Њуи “.
„Требаше да победам во многу битки за да стигнам до тука, и сум среќна што успеав и дека победив. Сакам да им кажам на сите девојки и момчиња во Бугарија, дека сè е можно, нема недостижни нешта. Соновите стануваат реалност”, вели Цветелина Мавродиева .