6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Кривична пријава против градоначалникот на Штип и директорот на Стипион

Фудбалскиот клуб „Насеље“ поднесе кривични пријави против градоначалникот на Штип и директорот на ЈП „СТипион“, поради узурпација на игралиштето во населбата „Македонка“.

 

Од денес општината започнува оградување на игралиштето во населба Македонка. Оваа активност која ја спроведува пејачкото јавно претпријатие „Стипион“ предизвика жестока реакција во населбата, особено кај фудбалскиот клуб „Насеље“.

 

Револтирани од целата ситуација, од таму истакнуваат дека „Стипион“ не прави оградување туку стеснување на теренот на фудбалското игралиште за фудбал по правилата на ФФМ. Од 80 метри должина, теренот се скратил на 50-тина метри, додека ширината е околу 40 метри. Според тие пропорции, во населбата „Македонска“ не може да се игра фудбал ниту во општинска лига.

поврзани објави

Последни објави