6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Росонерите „боксуваа“ на последниот тренинг во Милано, во пресрет на реваншот со Шкендија (ФОТО)

Стратегот од клупата на италијанскиот калчолигаш со интересна замисла во пресрет на реваншот со македонскиот вицепрвак.

Шкендија утревечер (20,45) го игра реванш мечот против Милан во рамките на плејоф рундата од квалификациите за пласман во групите од Лига Европа, но реваншот е само формалност, откако во првиот меч италијанскиот калчолигаш обезбеди висока победа од 6-0.

Експедицијата на Милан е веќе пристигната и сместена во  Скопје, а она што е интересно е фактот што фудбалерите на Милан на последниот тренинг пред да тргнат на пат за нашиот главен град, тренираа боксување.

ФОТО ТРЕНИНГ

 

ФОТО МИЛАН

 

Што се однесува пак до составот кој со себе го понесе Винченцо Монтела, тој има список од 20 фудбалери со кои Милан веќе пристигна во нашиот главен град, но поштедени од реванш пресметката се четворица, меѓу кои Џанлуиџи Донарума, Чалханоглу, Монтоливо, Мусакио и Родригез. Повредени и вон комбинација кај Росонерите се Биља и Бонавентура.

 

24Фудбал

поврзани објави

Последни објави