6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Вучиќ: Покана до Заев за одржување заедничка седница на двете влади

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска ја известил амбасадорката на Македонија Вера Јованвска Типко дека српската премиерка Ана Брнабиќ ќе упати покана до македонскиот премиер Зоран Заев за одржување заедничка седница на владите на двете земји до крајот на годинава во Белград.

– Сите сметаме дека е потребно да работиме вредно и одговорно на унапредување на нашите односи, нагласил Вучиќ на почетокот на средбата, прва откако Србија во неделата го повлече целиот персонал од Амбасадата во Скопје на итни консултации во Белград.

Вучиќ и Јовановска Типко, како што пренесува Танјуг, разговарале и за што побрзо одржување на Мешовитиот комитет за економска соработка. Српскиот претседател разговарал со македонската амбасадорка и за можностите за унапредување на добрососедските односи и на традиционалните пријателски врски меѓу двете земји и нивните народи.

Како теми за кои би се разговарало на зедничките состаноци кои претстојат, би биле унапредувањето на соработката во сите сфери, особено во економијата, туризмот и заедничкиот настап на трети пазари. На средбата е нагласено и значењето на соработката во областа на науката и културата и заштитата и зачувувањето на јазиците на српското и на македонското национално малцинство во двете земји. Констатирано е и дека соработката на стопанските комори на двете земји е многу добра за што показател е и основањето на Српско-македонскиот бизнис клуб, се вели во соопштението од кабинетот на српскиот претседател.

поврзани објави

Последни објави