Македонскиот шампион Вардар испиша фудбалска историја и успеа да се пласира во групите од Лига Европа откако го елиминираше турскиот гигант Фенербахче. Со вечерашниот успех вардарци станаа првиот наш тим кој ќе игра во групната фаза во едно од натпреварувањата на УЕФА.
„Црвено – црните“ стигнаа до историски успех за македонскиот фудбал. Тимот од Турција поведе во 61. минута од натпреварот но само седум минути подоцна Џигаури израмни и го најави големиот успех на Вардар. По постигнатиот гол фудбалерите на Фенер како да се предадоа, па Вардар беше оној кој доминираше на теренот.
Глигоров со голот во 91. минута ги постави конечните 1-2 од мечот во Истанбул по асистенција на Барсегјан во една прекрасно изработена контра.