Српската премиерка Ана Брнабиќ оцени дека односите меѓу Србија и Албанија се подобри од кога и да е, што е позитивен знак, а за тоа, според неа, најзаслужни се Александар Вучиќ и Еди Рама.
– За таквите односи заслужно е личното пријателство на претседателот на Србија Вучиќ и премиерот на Албанија, Рама, изјави Брнабиќ за весникот „Албаниан дејли њуз“.
– Тие изградија некој вид лично пријателство, и тоа покажува колку е важно да се сретнуваме, бидејќи таквото пријателство е преточено во економска и социјална агенда на двете земји. Посетата на албанскиот премиер Еди Рама на Србијаи одржаните економски длеовни форуми, во голема мера придонесоа за билатералната соработка, истакна таа.
Брнабиќ најави дека како нов премиер на Србија ќе го надградува она „што премиерот Вучиќ го започна со премиерот Рама“.