Спорт1 најавува, македонскиот првак е пред одлично засилување во нападот, Русинот Максимов за кого пишувавме во најавата на двомечот Шкендија – Тракаи.
Според информациите кои ги пренесува „Спорт1“, се вели дека рускиот напаѓач од литванскиот Тракаи, 21 годишниот Максим Максимов ќе биде новото засилување за македонскиот шампион Вардар.
Русинот е одличен офанзивец а своите квалитети ги демонстрираше во квалификациите од Лига Европа, каде го однесе Тракаи до третото квалификациско коло, каде беше сопрен од македонскиот вицепрвак Шкендија. Инаку Максимов во овој момент е најдобар стрелец во второто по ранг европско клупско натпреварување за оваа сезона.