15.8 C
Skopje
четврток, октомври 23, 2025
spot_img

Делегација на ВМРО НП му оддаде почит на револуционерот Тодор Александров во Мелник – Бугарија

spot_img

Делегација на ВМРО НП предводена од членот на ИК на ВМРО НП Слободан Близнаковски, во состав Цена Митревска, член на ЦК, претседателот на ОК на ВМРО НП од Штип, Зоран Костовски, придружувани од членови на Унијата на Млади Сили на партијата положија свежо цвеќе на гробот на големиот револуционер и лидер на ВМРО Тодор Александров, на неговото вечно почивалиште во село Сугарево во околината на Мелник – Република Бугарија.

Фото

Претседателот на ОК ВМРО НП од Штип Зоран Костовски беше поздравен од европратеникот и потпретседател на ВМРО БНД Ангел Джамбазки кој во својот говор изрази благодарност до како што рече “браќата од Македонија“ кои секоја година му оддаваат почит на борецот за Независна и Слободна Македонија Тодор Александров.

Претставници на ВМРО НП во Мелник, Р. Бугарија

поврзани објави

         

Последни објави