Премиерот Зоран Заев и владината делегација која престојува во посета на Израел, денеска ги посетија светите места во Стариот град во Ерусалим, кој е спој на религии, традиции и култури.
– Во Црквата на Светиот гроб на Исус Христос во Ерусалим побарав благослов за спокој и среќа на сите граѓани на Македонија и за мир во светот, рече премиерот Заев.
Владината прес-служба соопшти дека впечатокот од разговорите со граѓаните е дека постои иста верба кај тамошните жители за добар живот.