ФОТО: Удрено девојче на пешачки премин во Ѓорче Петров

109
devojce

Некаде околу 15.00 часот во населбата Ѓорче Петров се случи нова несреќа во која е повреден пешак.

Првичните информации говорат дека на пешачки премин е удрено девојче. На лице место веднаш се излезени претставници на МВР, а повредениот пешак со брза помош е транспортиран во најблиската клиника.

Засега нема официјални информации за тежината на повредата.