2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Димовски: СДСМ глуми лажна конструктивност во Собранието на Република Македонија

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски денеска изјави дека пратениците од неговата партија и Коалицијата „За подобра Македонија“ остро реагираат на, како што рече, „лицемерното и лажно дејствување на СДСМ во Собранието на Република Македонија“.

– Во текот на вчерашниот ден на седница на Комисијата за финансирање и буџет, пратениците на СДСМ гласаа против донесување на Законот за издавање на вредносни бонови-ваучери на студентите од трета и четврта година во Република Македонија, а нашите најави се дека СДСМ ќе гласа против и за другите два закони предложени од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, рече Димовски на прес-конференција во Собранието.

Со тоа СДСМ, како што наведе, призна дека глуми лажна конструктивност во Собранието на Република Македонија.

– Заради односот на СДСМ ниту студентите ќе добијат ваучери ниту вработени во полиција, војска и вработените во другите државни служби ќе добија 5 отсто покачување на платите, ниту ќе се намалат трошоците во постапките за извршување, рече Димовски.

Според него, се повеќе се потврдува позицијата дека Парламентот е на тенкото мнозинство од 62 пратеници, а не е Парламент на 120 пратеници избрани од сите граѓани на Република Македонија.

поврзани објави

Последни објави