11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Царовска: Становите за бегалци се лага на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски

Во Македонија ниту се градат нуту ќе се градат станови за бегалци, рече денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

– Неколку пати во медиумите кажав, тоа е лага и ВМРО-ДПМНЕ, пласираат лажни вести со цел да ја изманипулираат јавноста пред локалните избори. Референдумот е демократска алатка која што јас како личност но и Владата ја поддржува. Демократијата е основно нешто што треба да го почитуваме ние како Влада, но и сите граѓани во РМ, истакна министарката Царовска.

Но сепак таа апелираше да се внимава околу распишувањето на референдум.

– Ако се распише тоа секако не смее да биде на денот на избори, мора да биде после избори заради тоа што веројатно треба да се свесни дека и во Законот за избори и во Закон за спречување на корупција стои дека средства коишто не се планирани во Буџетот не смеат да се лоцираат во овој период. Ние сме веќе во избори, што значи тоа може да го направат после изборите, но внимателно треба да се трошат парите на граѓаните. Ако се потрошат 100 илјади евра за референдум за лажно прашање, потенцирам, тоа е лага која што постои само во главата на Груевски и неговата банда и никаде на друго место, рече Царовска.

Според неа, од ВМРО ДПМНЕ се преплашени од исходот на локалните избори кои, како што рече, ќе ги изгубат во најголем дел од општините.

поврзани објави

Последни објави