6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Ердоган: ЕУ да одлучи дали ќе ги продолжи или прекине преговорите со Турција

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повторно ја повика Европската унија да одлучи дали сака да ги продолжи или да ги прекине преговорите за членство на Турција во Унијата.

Турскиот претседател нагласи дека нема да дозволи неговата земја да се претвори во нешто како „измама“ за изборите во европските земји.

– Тие или ќе го исполнат ветувањето и ќе го отворат патот за процесот за членство, или ќе мора да кажат: Ние не сакаме да продолжиме на патот со Турција.

Германската канцеларка Ангела Меркел и социјалдемократскиот кандидат за канцелар Мртин Шулц за време на телевизиската дебата во неделата изразија подготвеност за прекин на преговорите за членството на Турција во ЕУ.

поврзани објави

Последни објави