0.8 C
Skopje
Sunday, January 12, 2025

Трамп и Меј се договорија за дипломатски и економски притисок врз Пјонгјанг

Претседателот на САД Доналд Трамп оствари телефонски разговор со британскиот и австралискиот премиер и кинескиот претседател во кој што им укажа дека не е време за разговори со Северна Кореја. Трамп во разговорот нагласи дека сите опции се отворени за одбрана на САД и нејзините сојузници.
Трамп и британската премиерка Тереза Меј се согласија да продолжат да работат на дипломатски и економски притисок врз Пјонгјанг, додека со австралискиот премиер Малком Турнбул разговорот бил насочен кон денуклеаризација на Северна Кореја.

– Кина е фокусирана на решавање на нуклеарното прашање на Корејскиот Полуостров по пат на разговори и мирни средства, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг во разговорот со Трамп.

Северна Кореја на трети септември ја изврши шестата и најсилна нуклеарна проба, детонирајќи унапредена хидрогенска бомба за ракета со голем дострел.

поврзани објави

Последни објави