10.8 C
Skopje
Wednesday, April 23, 2025

ФИФА нема проблем да удри по помалите, но редовно молчи пред посилните: Се сеќавате ли како Анри ја однесе Франција на Светско? (ВИДЕО)

ФИФА се разфрла со казни и суспензии кога помалите репрезентации се во прашање, мечот помеѓу Јужна Африка и Сенегал ќе се преигра поради судиска грешка, а судијата доби доживотна суспензија, но зошто не беше така и на мечот помеѓу Франција и Република Ирска во 2009 година?

Голем скандал се случи во Африка на натпреварот помеѓу Јужна Африка и Сенегал. Судијата досуди непостоечки пенал кој директно влијаеше за победата на Јужноафриканците од 2-1.

ФИФА нареди мечот да се преигра, а судијата Жозеф Лампти доби доживотна суспензија.

Но ништо помал не беше скандалот во 2009 година кога Франција само благодарение на намерната игра со рака на Тјери Анри се пласираше на Светско првенство, а Република Ирска на нефер начин беше елиминирана.

ФИФА гревот го переше со тоа што што и исплати 5 милиони евра оштета на Република Ирска. Но, не се ни помислуваше мечот да се преигра, судиите исто така не добија никаква суспензија.

Тогаш влијанието на Мишел Платини беше огромно, па беше незамисливо Франција да не биде на Светското првенство. Ваквите двојни аршини ги иритираат младите репрезентации, но тие веројатно никогаш нема да се искоренат.

 

Извор: 24Фудбал

поврзани објави

Последни објави