14.8 C
Skopje
Thursday, May 22, 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Сугарески лаже дека владата на СДСМ обезбедила пари за патот Градско-Дреново

ВМРО-ДПМНЕ испрати писмено соопштение реакција на изјавата на Горан Сугарески.

„Својата неспособност и неработа владата и Заев ја покриваат со лаги и манипулации. Сугаревски лаже дека владата на СДС обезбедила пари за експресниот пат Градско-Дреново, тие не мрднаа ниту со мал прст. Очигледно немајќи со што владата започна да се фали со проекти започнати од ВМРО-ДПМНЕ. Делницата Градско-Дреново е само еден дел од трите фази на градба. А првата фаза започна минатата година и се гради на потегот Фаришка до Дреновска клисура. Што се однесува за грантот за кој се пофалија дека го обезбедиле единствено што наравија е тоа што чекаа да заврши тендерот за градба кој веќе беше објавен уште септември минатата година, а кој е достапен и објавен на официјална страна на ЕУ.
http://ted.europa.eu/TED/notice/udl?uri=TED:NOTICE:324345-2016:TEXT:EN:HTML

За да се распише тендер мора да се обезбедат средства во буџет, а тоа е направено уште минатата година со грант средствата преку ИПА програмата. Нечесно е со лажливи тези да се замајува јавноста. Еве гледаме дека има застој и кај првата фаза на градба. Потребно е на дневна база да се ресаваат проблемите. Во меѓувреме го чекаме барем првиот од 500те километри автопатишта кои ги ветија, но очигледно и тоа е едно лажно ветување“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

поврзани објави

     

Последни објави