Ураганот Ирма пристигна на Флорида носејќи силни ветрови и огромни количества на дожд. Центарот на ураганот го погоди јужниот дел од полуостровот, а метеоролозите предвидуваат дека најлошото допрва доаѓа.
Ураганот достигна категорија од четврти степен денеска ја погоди Флорида, при што предизвика поплави во Мајами.
Улиците на Мајами се полнат со вода, а меѓу поплавените се финасиската и станбена област Бриквел авенија, како и Еџвотер.
Претходно под ударот на ветровите се урна кран на висококатница во изградба.
Water ponding in #brickell #irma #miami pic.twitter.com/gMDFgekXSj
— Rosa Flores (@RosaFlores) September 10, 2017