21.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

МБП-Охрид одбележа 104 години од Охридско-Дебарското востание

По иницијатива на здружението за МБП Охрид по повод ослободувањето на гр.Охрид од српската окупација во с.Велгошти Охридско на 12 септември се оддржа панихида во чест на паднатите херои и жртвите на српскиот режим.Воедно претставници на раководството на МБП Охрид во присуство на претседателот на здрж.за МБП г-дин.Петар Колев положија свежо цвеќе пред споменикот на жртвите од српскиот окупатор. Свежо цвеќе положи и г-дин.Владимир Каневчев претседател на огранокот на политичката партија Обединети за Македонија.Меѓу присутните беа и советниците од локалната самоуправа на гр.Охрид претставители од ВМРО-Народна партија г-дин.Јоне Станковски како и г-дин.Александар Калачоски.Пригодни говори оддржаа секретарот на МБП Охрид Крсте Ристески и г-дин Јован Шиков.

Во својот говор г-н Крсте Ристески презентира историски податоци за самото востание и неговите водачи, а исто така и обелодени малку познати факти за знамето на востаниците, кои зеле учество во Охридско-Дебарското востание.

Г-нот Шиков ја повика локалната самоуправа во Охрид, да се ангажира околу изградбата на достоен мемориал во чест на загинатите востаници, а исто така и на убиените од српскиот окупатор мирни граѓани од Охрид и околината, кои станале жртва на репресии по востанието од страна на српската војска и жандармерија.

Извор: МБП

поврзани објави

Последни објави