13.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

Закон за шунд

Знаете ли зошто, во Собранието на РМ, скоро секој ден гледаме циркуси? Затоа што „народот“ тоа го бара. Вчера го гледам Илија Димовски нешто му објаснува на Талат, демек тие имале право на паузи, а спикерот немал право да го ја крши процедурата… Од спикерот, кој ги прекрши сите правила и прописи, кога како припадник на АРМ ја дувна в планина пред едно 16 години, Илчо „војводата“ Велешки очекува да ја „чува“ процедурата…

Циркусите во македонската турбофолк демократија нема да завршат скоро. Македончето така е научено, да се „пали“ тогаш кога е под директна закана. Шунд размислувањето веќе е норма. Евтините претстави ќе продолжат се додека не тропнеме по маса и не кажеме дека ни е доста.

Тоа треба да го направи младата интелектуална маса. Младите, кои се заробени во циркусот. Прва и најважна работа е да се научиме да се самопочитуваме. Ќе Ви дадам еден многу прост пример. Ќе ви покажам две фотографии од програмите на две слични манифестации:

Програма на манифестацијата „Пастрмајлијада 2017“, која традиционално се одвива во Штип.

На сликава нема ништо што веќе не сме го виделе. На разноразните пивофест-ови, пастрмајлијади пифтијади, празијади, мудијади се знае која е главната ѕвезда и од каде најчесто доаѓа. Еве ја и втората фотографија:

Програма на традиционалниот Есенски панаѓур кој се одвива во градот Враца, Бугарија.

Еве како го прават тоа „Татарите“. На нивните забавни манифестации настапуваат Бугари и нивниот труд се цени. На нивните забавни манифестации, имињата на Бугарите не се запишани со помали букви од имињата на гостите од странство. Знам дека ви е чудна врската меѓу вчерашните циркуси во собрание, околу фамозниот закон за јазици и фотките што ги споредив овде онака набрзински, но, поентата не е закопана толку длабоко, како што изгледа. Се работи за самопочитувањето и меѓусебното почитување, нешта од кои Македончето за жал уште не успеало да се „разболи“. Тоа нека ни е за памет на сите нас кои сме загрижени за иднината на Македонија. Ние ќе побараме закон за шунд и ќе го донесеме без театарски претстави… за наше заедничко добро.

PS: На тие што ќе одат во Штип за да се „забављаат“ со Лепа Брена и Тања Савиќ ќе им посакам убав помин. Би сакал да ги потсетам партиските војници од сите бои, дека државата прво треба да се раздели со шундот, како начин на размислување, а дури потоа да се гради на здрави темели. Ама вие тоа си го знаете нели, го научивте додека лепевте плакати и изигрававте циркузанти.

Пишува: Батко Тане

 

поврзани објави

Последни објави