21.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

Александар Михајлоски на средби во Вашингтон со високи претставници на Сенатот, Конгресот и Стејт Департментот на СА

Членот на Иницијативата за внатрепартиски реформи во ВМРО-ДПМНЕ, Александар Михајлоски, е во еднонеделна посета на Вашингтон, Соединетите Американски Држави каде има работни состаноци на високо ниво со претставници на Сенатот во САД, Конгресот и Стејт Департментот на САД.

Во текот на вчерашниот ден, Александар Михајлоски, оствари средби со високи членови на Сенатот и Републиканската партија на САД. На состаноците со советниците на Сенаторот Џон Меккејн, Конгресмените Пол Мичел, Ренди Вебер, Доналд Бејер, Том Марино, Адам Смит, Патрик Тибери, Стив Стајверс и Робин Кели, како и високи претставници во Стејт Департментот, беше разговарано за актуелните политички случувања во Република Македонија и за активностите на Иницијативата за внатрепартиски реформи во ВМРО-ДПМНЕ.

Александар Михајлоски ги истакна заложбите за унапредување на демократијата во државата и зацврстување на пријателството помеѓу Соединетите Американски Држави и Република Македонија. На соговорниците им беше презентирана Декларацијата „Европско ВМРО-ДПМНЕ за Европска Република Македонија“, а особено се дискутираше за враќање на Република Македонија на Евро-Атлантскиот пат.

„На сите средбите што остварив во Вашингтон со официјални претставници на САД, беше разговарано за нашите внатрепартиски процеси кои се со цел демократизација и модернизација на ВМРО-ДПМНЕ и за возобновување на добрите односи со Републиканската партија како наш традиционален партнер. Од страна на нашите пријатели во Соединетите Американски Држави добив силно уверување за натамошно зацврстување на пријателството со Република Македонија и уште поголеми заложби за Евро-Атлантската иднина на Република Македонија.

– Среќен сум што САД во Македонија препознаваат вистински пријател и сојузник, поради што и дојдовме до заедничка согласност уште повеќе да работиме на продлабочување и унапредување на пријателството и соработката“, изјави Александар Михајлоски.

поврзани објави

Последни објави