4.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

НЕЗАВИСНА ЛИСТА НА ГРУПА ИЗБИРАЧИ ЗА ОПШТИНА КОЧАНИ

Ги известуваме сите добронамерни сограѓани дека согледувајќи ја потребата од граѓанска самоодбрана, ние неколкумина млади иницијатори решивме да презентираме нов, алтернативен и авангарден начин на политичко дејствување.

Во фокусот на нашата идејна ориентација се граѓаните и самосвеста на поединецот, а не вертикалната пирамидална организациска поставеност.

Нашето движење се раководи од идејата за системски промени, бидејќи цениме дека досегашниот начин на функционирање на институциите не ги извлекува максималните потенцијали од соодветните кадровски решенија. Ги охрабруваме сите сограѓани да се осмелат да размислуваат на свој начин и да покажат дека инвентивноста и креативноста не се недостаток, туку доблест.

 

Иницијативата ги опфаќа следните поенти:

-Неформално образование и самоедукација

-Младински политики

-Здравство

-Екологија и животна средина

-Урбанизација и модернизација

-Спорт, забава, култура

-Комунални политики

 

Иницијатори се: Емил Милев, Ана Ангелова, Ангел Арсов (роден 1988 г.), Ванчо Мишовски, Бојана Ристова, Марин Стојанов, Андреј Јанчев, Лилија Хаџиевска, Венко Крстевски, Христина Димитријова, Ангел Арсов (роден 1993 г.), Стојан Рашков, Ивана Јовановска, Драган Додевски, Благица С. Стоименова, Петар Рашков, Верица Цекова, Соња Коцева, Александар Костов, а нашите врати се отворени за сите сограѓани кои сметаат дека можат да допринесат со свои идеи и сугестии за целокупниот развој на општината.

 

Благодарност и до сите наши повозрасни сограѓани за нивната несебична поддршка.

 

 

МЛАДИТЕ ЗА КОЧАНИ!

поврзани објави

Последни објави