7.8 C
Skopje
Thursday, May 15, 2025

Мората објаснува зошто англиската е поразлична од шпанската и италијанската лига

Со доаѓањето во Челси, Алваро Мората може да се пофали дека играл во трите најголеми лиги во Европа, па има кредибилитет да зборува за разликите.

Тој вели дека динамиката на фудбалот во Англија и приодот кон секој натпревар е многу поразличен отколку во Шпанија и Италија.

„Вистина е дека англискиот фудбал е поразличен од тој во Италија и Шпанија. Тука немате многу време да здивнете или да се релаксирате, топката цело време е ‘запалена’!”, вели Мората.

„Треба да сте во добра кондиција за да играте тука и во секој натпревар да влезете психолошки добро подготвени“.

„Клубовите кои можеби не се најдобри во лигата се бранат исто како и во Италија, знаат да бидат многу компактни и понекогаш е тешко да ги скршите. Но кога сакаат да играат со топка, можете да најдете простор и да ги нападнете“.

Извор: 24Фудбал

поврзани објави

     

Последни објави