21.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

Каракачанов е во официјална посета на Македонија

Министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, се наоѓа во официјална посета на Македонија и ќе има средба со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, соопштија денеска од Министерството за одбрана.

Станува збор за прва официјална посета на висок бугарски функционер по потпишувањето на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, на 1 август оваа година во Скопје. Каракачанов и тогаш беше дел од делегацијата предводена од бугарскиот премиер, Бојко Борисов. Тој тогаш изјави дека Бугарија ќе ѝ помогне на Македонија на патот кон НАТО.

Пречекот на бугарската делегација се оддржа во 9 часот на платото пред Министерството за одбрана. Половина час подоцна е закажана средбата помеѓу делегациите на двете земји, а во 10.30 часот Шекеринска и Каракачанов ќе дадат изјави за медиумите.

Бугарскиот министер за одбрана ќе ја посети и касарната „Илинден“ во Скопје, каде полкот за специјални операции ќе изведе показна вежба.

 

поврзани објави

Последни објави