21.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

Османи: Помеѓу СДСМ и ДУИ постои расположение за соработка на локално ниво

Помеѓу СДСМ и ДУИ постои расположение за соработка на локално ниво, бидејќи ние имаме соработка и на државно ниво, и соработката на таа коалиција сакаме да продолжи, изјави денеска вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, одговарајќи на прашање во врска со локалните избори на прес-конференцијата со неговиот црногорски колега Александар Андрија Пејовиќ.

– Тоа е европска коалиција што треба да ја насочи државата на патот кон Европската унија, и сметам дека тоа е позитивно, рече Османи.

Според него, можно е да има и други алтернативни решенија, како други коалиции, на пример ВМРО-ДПМНЕ со останатите албански партии, така што, како што рече, албанските партии ќе имаат две понуди, коалиција на СДСМ и ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ со останатите албански партии.

поврзани објави

Последни објави