3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Нејмар и Кавани во центарот на вниманието во фудбалската јавност: Се огласи УРУГВАЈЕЦОТ

Во француската јавност не престанува сапуницата меѓу ѕвездата на ПСЖ, Едисон Кавани и Нејмар.

На натпреварот на кој ПСЖ е поразен од Лион со 2:0 дојде до несогласување околу тоа кој ќе го изведе пеналот. Тоа го посакуваше Нејмар, но Кавани како однапред одреден играч за изведување на најстрогите казни во фудбалот после расправата со Бразилецот ја зема топката и презема на себе одговорност. Уругваецот ги демантираше написите на одредени медиуми дека во соблекувалната можело да дојде до тепачка меѓу двајцата фудбалери и ја појасни ситуацијата.

Не ми е јасно поради што се крева толку голема прашина околу сето тоа. Се измислуваат разоразни приказни, но вистината е дека такви работи едноставно се случуваат во фудбалот. Слушнав од братот дека пишуваат како Кавани никому не дозволува да изведува пенали, дека е во конфликт со Нејмар, но вистината е дека нема никакви проблеми во составот“, рече Кавани за локалнио радио, додавајќи

“Нејмар само што пристигна во нашиот клуб и потребно е време да се прилагоди. Се надевам дека во тоа ќе успее во многу блиска иднина.

поврзани објави

Последни објави