Каталонскиот весник „Спорт“ тврди дека Нејам побарал од Насер Ал Келаифи да го продаде Единсон Кавани во зимскиот преоден рок.
Нема крај на сториите за кавгата помеѓу Нејмар и Кавани. Последната вест од Шпанија вели дека поранешната ѕвезда на Барселона има барање до раководството на ПСЖ, а тоа е Кавани да биде продаден.
ПСЖ плати рекордна сума за да го донесе Нејмар во своите редови, Бразилецот го знае тоа па иако во тимот пристигна пред само еден месец, сака да покаже дека е главен во тимот.
Наиде на отпор од Кавани кој не сака да му даде да ги изведува пеналите. Нејмар знае дека е новото милениче на газдите на ПСЖ, па веќе се шпекулира дека побарал од раководството Кавани да биде продаден уште во јануари.
Тренерот на ПСЖ очигледно не може да го реши недоразбирањето помеѓу Кавани и Нејмар, па газдите се тие кои треба да пресечат.
Раководството ќе се обиде да ги смири Кавани и Нејмар, ако не успее големи се шансите да се остварат шпекулациите на медиумите и на Уругваецот да му биде покажана излезната врата и покрај тоа што тој е најмалку виновен.
Извор: 24Фудбал