Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, во вторник се сретна со Ерна Солберг, премиерка на Кралството Норвешка.
„Норвешка ја поддржува Македонија во интеграциите“ му рече норвешката премиерка на премиерот Заев, која во демократските чекори на Владата и регионалната соработка гледа перспективи за Република Македонија.
Премиерката на Норвешка, Солберг, посебно се интересираше за реформите што се прават за обезбедувањето правна држава.
Таа ги оцени како важни заложбите на Македонија за продлабочување на односите меѓу земјите во регионот.
„Норвешка е заинтересирана за случувањата на Балканот и е подготвена да придонесе кон стабилен регион“, рече премиерката Солберг, која во раководствата на Балканот гледа можност да осигураат таква иднина.
На средбата на премиерот Заев со премиерката Слоберг се разговараше и за создадените услови за интензивирање на соработката со Кралството Норвешка во области од интерес на граѓаните на државите.
Извор: Newsroom.mk