23.8 C
Skopje
Saturday, October 26, 2024

Државата ги виде солзите и го слушна плачот на самохраната мајка Ленка од Делчево

Владата ги виде солзите и го слушна плачот на самохраната мајка Ленка и нејзината 27- годишна ќерка  Марина , лице со церебрална парализа и вети дека ќе ја исправи грешката, а ова двочлено смејество ќе добие социјален стан до кој ќе може и да стигне. Ова ветување следува откако ТВ Стар ја објави сторијата за ова семејство и парадоксалната одлука на Комисијата за станбени прашања при Владата со која лани им додели социјален стан на шести спрат во зграда без лифт во Делчево.

  • Тоа е одлука на претходната Влада, во 2016 година, ние сме запознати со случајот и сите институции заедно во најскоро време ќе го решиме случајот, вели Миле Бошнаковски, ПР на Влада на РМ.

Ветувањата стигнуваат во време кога ова семејство е во очај, бидејќи условите, каде што живеат сега под кирија се бедни, а патот за да стигнат до социјалниот стан кој им го додели државата, за нив е невозможна мисија.

  • Многу ми е мака што си немаме покрив над главата ги молам сите позлатени луѓе да ни дадат две соби да има купатилце, многу ми е мака, дали ќе дојдам до свој стан + изјава Марина Популиска- не можам да с екачувам по скалите зимно време помрзнува, нема вода, тука не може да се живее.Јас ги замолувам сите да ни дадат социјален спрат на понизок спрат, вели Ленка Десподовска, мајка на Марина.

Голготата на ова семејство започна откако пред две години насилно беа иселени од општинската  зграда позната како Старо пожарно, каде живееја 4 социјални случаи. Извршител ја продаде за да наплати долг од општината.

Мајката која е полуслепа и дијабетичар и ќерката со церебрална парализа, се водат рака под рака низ животот без кров над глава, давајќи си една на друга поддршка. Сега нивните очи се свртени кон новото ветување од институциите и се надеваат дека ќе се исполни пред да стигне зимата.

Извор: ТВ Стар

поврзани објави

Последни објави