6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

СКАНДАЛОЗНО Во Јагја Мезлер во Штип понижени речиси 200 работници – пиеле вода од пластични буриња, сега од гумено црево

Гледачи на Контактната емисија Што мисли народот на ТВ Стар вчера  ја открија фирмата во која со години  речиси 200 работници пиеле вода од пластични буриња. Зошто работниците биле понижени и на овој начин, причината е повеќе од скандалозна.

–      Се јавувам гледачка што работила во таа фирма. Претходно беше точно конфекција, а сега е фабрика за ластик. Се работи за Јагја Мезлер. Не знам зошто не се каже тоа јавно. Имаше водовод, но газдата го прекина за да не плаќа вода и си ископа негов бунар и си носевме шишиња од дома со вода, вели гледачка на ТВ Стар, поранешна вработена во Јагја Мезлер.

Дека во Јагја Мезлер било под  секое човеково достоинство потврди и друга гледачка, некогашна вработена во оваа фирма.

–      Се јавувам поранешна работничка во Јаја Мезлер. Тоа е точно за водата, нема што да се мисли, уште стојат бурињата. До вчера пиевме техничка вода, а сега скоро го ставија водоводот, вели друга поранешна вработена во Јагја Мезлер.

Со која совест сопствениците и раководителите дозволиле понижувањето да трае толку долго е зачудвачки, но Случајот Буриња во Јагја Мезлер не зваршува овде.

Имено, од вработени на оваа фирма ТВ Стар денес дознава дека   вода од буриња во оваа фирма повеќе не се пие зашто бурињата биле заменети со гумено црево. Работниците велат дека водата  најчесто е многу топла и повторно  опасна зашто цревото најчесто било на земја.

Повеќе за ова на следниот линк ТВ СТАР 

поврзани објави

Последни објави