11.8 C
Skopje
Wednesday, December 11, 2024

Мицкоски: Разочаран, но не и поразен – започнуваме решителна акција против корумпираните судии и обвинители

Граѓаните велат добро е, работите, ама никако да се справите со криминалот и со корупцијата. И ги разбирам. Сè додека тие луѓе се присутни во судството и во обинителството ние, за жал, не можеме да одиме чекор напред во борбата со криминалот корупцијата и со сенките од минатото кои се дел од тоа политичко мочуриште кое го зароби судството и обвинителството, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, прашан за коментар во врска со тоа што претседателката на Судскиот совет Весна дамева планира да си го продолжи мандатот за уште шест месеци.

– Верувајте, ние на секоја седница на Владата читаме ревизорски извештаи, на секоја седница го прашувам директно ревизорот дали има основи за кривични дела и дали е тоа доставено до Обвинителството. На секоја седница на влада го добивам истиот одговор – да доставено е. Значи, досега имаме стотици доставени случаи до ЈО. Дали вие сте слушнале освен кога на некој обвинител кога треба да потпише налог за приведување или претрес му се слошило, добил дијареа, гушење, повисока температура и така натаму,
Според него тие на тој начин секогаш наоѓаат начин да ја оптруираат работата на органите на прогонот.

– Јас сум жестоко разочаран, од ова што се случува денеска, но верувајте нема уште долго, ќе влеземе во робусна акција и ако ако треба со тие корупирани судии и обвинители ќе се справиме на поинаков начин, рече Мицкоски

поврзани објави

Последни објави