6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Лавров: САД нема да ја нападнат Северна Кореја бидејќи знаат дека има атомска бомба

Соединетите Американски Држави нема да ја нападнат Северна Кореја, бидејќи знаат дека Пјонгјанг има атомска бомба, изјави денес рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Не ја бранам Северна Кореја, само кажувам дека сите се согласни со таа анализа, изјави рускиот шеф на дипломатијата.

Тој предупреди дека кризата може да биде решена само со мек пристап, внимателно со сугестии и убедување.

Доколку САД не завземат таков став, десетици, ако не и стотици илјади невини граѓани на Јужна Кореја, Северна Кореја и Јапонија ќе бидат загрозени, смета Лавров додавајќи дека во близина се и Русија и Кина.

поврзани објави

Последни објави