Со кој и да се поздравите, кажувате нешто. Точно е. Дали е средба или настан е за дилема и ние веднаш се корегиравме. Ние сакаме да го слушаме гласот на граѓаните. Чесно беше како и другите што се ракуваа со претседателот Трамп да посакам успешен старт на реформите на ОН. Тоа беше разговорот кој го споделив со него при што беше возвратено едно “благодарам“ и толку. Но навистина тоа е и средба. Еве нека се дефинира како настан, ние се корегиравме. Впрочем, таму бевме само со министерот за надворешни работи кој што се обиде да го сликне настанот бидејќи немав никој од моите асистенции, вели Заев во емисијата 360 степени.
Заев за „360“ тврди дека сите држави и премиери го прават истото а во македонскиот случај тоа било направено „за да може транспарентно пред граѓаните да кажеме дека еве имало настан на кој што е возвратена честитка односно посакана среќа во делот на реформите, која што е една од сериозните теми овде во Обединетите нации“.
На видеото објавено од кинеската државна агенција се гледа дека ракувањето трае помалку од две секунди и на него не можело да се искажат ни три збора , Заев во врска со тоа вели дека „било чесно како и другите кои што се ракувале со претседателот Трамп , да посака успешен старт на реформите на ОН“.