Вербата во тоа дека си во право, дека не си криминалец и дека не си направил ништо лошо. Мене најголемата сила ми доаѓаше од помислата на моите деца.
Имав периоди кога и покрај тоа што имав многу барања да ги видам своите деца, 28 месеци ниту едно барање не ми беше одобрено. Според судијката, јас не требаше да ги видам своите деца цели 28 месеци, уште не осудена. Мене ми се случи здравствена ситуација, побаравме прегледи лекарски и тие ми беше единствена шанса да се видам со децата. Кога ги видов, раскажував приказна во која ние бевме добрите, а во која се бориме со лошите. Тоа беше таа приказна која морав да им ја раскажувам на моите деца, вели Емел Рамковска во Топ Тема на Телма ТВ.
Видео: Топ Тема