3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Туск смета дека нема доволно напредок, а Меј дека Брегзит може да биде успех за двете страни

Велика Британија и ЕУ можат да го претворат Брегзит во успех доколку бидат креативни, изјави денеска британската премиерка Тереза Меј по средбата со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

– Со креативен пристап кон тие прашања можеме да најдеме решенија, кои би биле функционални како за 27-те останати членки на ЕУ, така и за Британија, истакна Меј.

Според неа, тие решенија треба да овозможат одржување на соработката и партнерството меѓу Лондон и Брисел.

Туск, од своја страна, нагласи дека преговорите за Брегзит „се уште немаат доволно напредок“ за да се продолжи со дискусии околу идните трговски односи меѓу Велика Британија и ЕУ.

– Ќе разговараме за нашите идни односи со Велика Британија кога ќе има доволно напредок во преговорите. Двете страни работат и ние ќе работиме напорно на тоа. Но ако денеска ме прашате, би рекол дека се уште не е постигнат доволен напредок, нагласи Туск.

За време на нивниот состанок во Даунинг Стрит 10, преговарачите од двете страни одржаа четврта рунда преговори за Брегзит во Брисел.

поврзани објави

Последни објави