Закажаната пресметка помеѓу Барселона и Лас Палмас ова попладне, сепак нема да се одигра.
По барањето од Барселона мечот да биде презакажан за друг ден, бидејки денеска ситуацијата ионака е наелектризирана поради референдумот во Каталонија која е во тек, ЛА ЛИГА сепак им излезе во пресрет и официјално го одложи натпреварот.
Имаше многу ужасни сцени по улиците на Барселона денеска, а згора на сето тоа, Лас Палмас на „Камп Ноу“ дојде со дресови на кои стоеше шпанското знаме, како погонско гориво за фановите на Барселона, кои во голем дел бараат отцепување од кралството Шпанија.
Извор: СпортКлуб