2.8 C
Skopje
Monday, January 13, 2025

ТВ Сонце победник во второто издание на меморијалниот турнир во мал фудбал „Сашо Оцевски-Мешко“

На игралиштето за мал фудбал – Голем парк, во н.Драчево во текот на изминатата недела се одигра вториот меморијален турнир во мал фудбал “САШО ОЦЕВСКИ – МЕШКО”, во чест на прерано починатиот Сашо.

Победник на турнирот е екипата на ТВ Сонце, која сосема заслужено го подигна трофејот по двете перфектни победи. Во финалето одиграно во саботата ТВ Сонце славеше победа над екипата на Сториа Кафе со 6:4. Победникот беше решен уште по првиот дел, кога ТВ Сонце се стекна со предност од 3:1, додека во вториот дел во интересна завршница Сториа Кафе на три минути до крајот намали на 5:4 со два брзи гола, но во последната минута ТВ Сонце постигна уште еден гол за конечна победа од 6:4 и освојување на турнирот.

На турниот учествуваа осум екипи и тоа: Коперникова, Сториа Кафе, ССК 83/84, Комити Драчево, Јувентус.MK, ТВ Сонце, Златна Копачка и СДСМ К.Вода.

Четвртфинале:

Коперникова – Сториа Кафе 2:7

ССК 83/84 – Комити Драчево 3:1

Јувентус.MK – ТВ Сонце 0:3 ( службено )

Златна Копачка – СДСМ К.Вода 5:5 на пен 0:1

Полуфинале:

ТВ Сонце – СДСМ К.Вода 4:2

Сториа Кафе – ССК 83/84 5:2

Финале:

ТВ Сонце – Сториа Кафе 6:4

Четирите дека од меморијален турнир помина во прекрасна атмосвера, дружење и сеќавање, со што се задржа сеќавањето за Мешко и му се оддаде почит, како што само тој ја заслужува.

Потсетуваме дека турнирот е во организација на семејството, роднините и пријателите на Сашо, а е помогнат од кандидатот за градоачалник на општина Кисела Вода, Филип Темелковски и од ТВ Сонце, а најавите се дека овој турнир ќе стане традиционален и ќе расте од година во година.

поврзани објави

Последни објави